Запознајте ги придобивките на екстрактите од Ехинацеа и Црната боровница во вашиот ImmunUP

Ехинацеа  е една од најпопуларните билки ширум светот. Индијанците ја  користеле со векови за лекување на разни болести.

Денес, таа е најдобро позната како хербален лек без рецепт за настинка или грип. Сепак, исто така се користи за лекување на болка, воспаление, мигрена и други здравствени проблеми.

  • INDIVIA ImmunUP на кратко ќе ви ги објасни  придобивките,  несаканите ефекти и сите важни информации за ехинацеата, како и нејзината улога за здравјето.

Ехинацеа е име на група цветни растенија од семејството маргаритки.

Purple and orange perennial cone flowers Echinacea Purpurea in a botanical garden.

Во целина, оваа група има девет видови, но само три се користат како додатоци на билки – Echinacea purpurea, Echinacea angustifolia и Echinacea pallida .

И горните делови и корените на растението се користат во таблети, тинктури, екстракти и чаеви.

Растенијата ехинацеа содржат импресивна разновидност на активни соединенија, како што се кофеинска киселина, алкамиди, фенолни киселини, розмаринска киселина, полиацетилени и друго.

Покрај тоа, низа студии на експерти  ја поврзуваат ехинацеата и нејзините соединенија со многу здравствени придобивки, како што се намалено воспаление, подобрен имунитет и пониски нивоа на шеќер во крвта.

  • Ехинацеата е богата со антиоксиданти. Растенијата ехинацеа се полни со растителни соединенија кои функционираат како антиоксиданти. Антиоксидансите се молекули кои помагаат во одбрана на вашите клетки од оксидативен стрес, состојба што е поврзана со хронични болести, како што се дијабетес, срцеви заболувања и многу други.

Овие антиоксиданти  се повисоки во екстрактите во овошјето и цветовите на растенијата, во споредба со другите делови, како што се лисјата и коренот .

Растенијата ехинацеа содржат и  соединенија наречени алкамиди, кои можат дополнително да ја зајакнат антиоксидантната активност. Алкамидите можат да ги обноват излитените антиоксиданти и да им помогнат на антиоксидансите подобро да достигнат молекули склони кон оксидативен стрес .

  • Ехинацеата има позитивен ефект врз имунолошкиот систем и е позната по своите корисни ефекти врз имунитетот.

Бројни студии на експерти откриле дека ова растение може да му помогне на вашиот имунолошки систем да се бори против инфекции и вируси, што може да ви помогне побрзо да закрепнете од болеста.

Тоа е една од причините зошто ехинацеата  често се користи за превенција или лекување на настинка.

Имало случаи кога луѓето доживеале несакани ефекти на ова растение, како што се:

  • Осип
  • Чешање на кожата
  • Оток
  • Болки во стомакот
  • Гадење
  • Отежнато дишење

Сепак, овие несакани ефекти се почести кај луѓето со алергии на други цвеќиња, како што се маргаритки, хризантеми, невен, амброзија и друго.

Бидејќи ехинацеа се чини дека го стимулира имунолошкиот систем, луѓето со автоимуни нарушувања или лица кои земаат имуносупресивни лекови треба да ја избегнуваат или прво да се консултираат со своите лекари.

2. INDIVIA ImmunUP ви приготви и неколку придобивки од црната боровница  што можеби не сте ги знаеле.

Боровинките можеби звучат единствено како овошје, но тие се  мали скапоцени камења за здравјето на луѓето.

Погледнете ги потенцијалните придобивки од боровинката за целокупното здравје и благосостојба на организмот.

1. Тие го намалуваат воспалението

Докажано со низа испитувања на експерти е дека  боровинките се борат против воспалението.  Ова е најверојатно благодарение на нивната висока концентрација на антиоксиданти, како соединенија кои се борат против воспалителното оштетување. Едно мало истражување открило дека земањето 300 милиграми антоцијанини – растителни соединенија со антиоксидантни својства – извлечени од боровница и црни рибизли во период од три недели, помогнало во намалувањето на нивото на неколку воспалителни биомаркери.

2. Тие можат да го поддржат кардиоваскуларното здравје

Бидејќи боровницата е богата со антиоксиданти, таа исто така може да го поддржи здравјето на срцето. Тие нудат полифенол антоцијанини, фитохемикалии кои обезбедуваат богата сина боја, но исто така се поврзани со подобрени инфламаторни одговори. Овие соединенија исто така може да спречат згрутчување на крвта, како и да помогнат во намалување на крвниот притисок, што не само што го промовира здравјето на срцето, туку исто така го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Сепак боровинките најчесто се консумираат како екстракт во форма на додаток, што ја зголемува потенцијата на антиоксидансите.

3. Тие можат да помогнат при борбата  со дијабетес

Некои прелиминарни студии проучувани на база на  екстракт од боровинка укажуваат на  корист на луѓето со дијабетес  тип 2 и кардиоваскуларни заболувања , веројатно затоа што антиоксидансите помагаат во намалување на воспалението поврзано со болеста.  “Докажано е дека боровинките го намалуваат шеќерот во крвта додека ја стимулираат секрецијата на инсулин, а со тоа се покажуваат корисни за дијабетичарите“,  објаснува Д-р Бачарах .

4. Тие можат да го поддржат здравјето на имунолошкиот систем

Поради содржината на антиоксиданси и содржината на витамин Ц во боровинките, тие можат да помогнат во одржувањето на имунолошкиот  систем во врвна форма. Боровинка може да има и антимикробни придобивки. Општо, високата содржина на антоцијанин е најголема придобивка, бидејќи овие соединенија помагаат во антиоксидантни системи за заштита на клетките на телото од стрес . И стресот може да има огромни влијанија врз способноста на вашето тело да се бори против болеста.

5. Боровинките се добри за вашите очи

Боровинката може да го поддржи здравјето на очите и да помогне во циркулацијата на окото. Поточно, откриено е дека боровинките го подобруваат видот на пациентите со глауком, покрај тоа што докажуваат дека се способни да го намалат заморот на очите.

Како и со секој купен додаток во исхрана , важно е да верувате на компанијата и да проверите дали имаат строго тестирање на производот. Тие треба да бидат транспарентни за тоа кои состојки се наоѓаат во витаминот и од каде се добиени . Лесен начин да се провери квалитетот е да се види дали тие имаат етикети за квалитет .

INDIVIA ImmunUP содржи 80 мг екстракт од Ехинацеа во една капсула, и 15 мг екстракт од Црна боровница во една капсула.

Екстрактите од ехинацеа и црна боровница даваат драгоцена поддршка за време на настинка , имаат смирувачки и пријатен ефект врз мукозните мембрани во грлото и го олеснуваат дразнењето во грлото, а голем смирувачки ефект имаат и врз  гласните жици.

INDIVIA ImmunUP секогаш ќе биде на ваша страна како патентирана одбрана формула за вашето здравје и како врвен квалитет во кој ќе имате беспрекорна доверба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можеби исто така ќе ви се допадне