Витаминот Д и вашето дете

Витаминот Д е важна хранлива состојка која функционира со калциумот за да помогне во градењето на коските и да ги одржи цврсти. Витаминот Д, исто така, игра улога во спречување на здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетес, остеопороза и истенчување на коските.

Нашите тела природно произведуваат витамин Д кога сме надвор на сонце. Значи, многу деца добиваат доволно витамин Д природно од тоа што се на отворено за време на секојдневните активности, како што се пешачење, возење велосипед или спортување.

Но, понекогаш телото не произведува  доволно витамин Д. Додека кремот за сончање помага да се заштитат децата од штетните сончеви зраци, тој исто така блокира дел од сонцето што телото го користи за да создаде витамин Д. И може да биде тешко да се добие доволно оваа хранлива материја од нашата секојдневна исхрана  затоа што малку храна го содржи овој витамин природно.

За среќа, можеме да го збогатиме нашиот организам со овој витамин  (додаден  витамин Д), а додатоците се достапни за деца како и за возрасни на кои  им треба повеќе или доволно витамин Д.

Дознајте колку витамин Д му е потребно на вашето дете и како да го добиете.

Која групација на луѓе  се во опасност од недостаток на витамин Д?

Како недостаток на директна сончева светлина и недоволен витамин Д во исхраната се ставаат овие групи на луѓе како ризик од недостаток на витамин Д:

  • Луѓе кои живеат на места каде што изложеноста на сонце е ограничена. Поради ограниченото изложување на кожата на сончева светлина од ноември до февруари, децата кои живеат во северните области кои немаат доволно сонце за да ги задоволат своите потреби за витамин Д.
  • Луѓе со темна кожа. Бидејќи пигментот, или меланинот, во потемната кожа го блокира сонцето, и витаминот  Д не се произведува ефикасно. Кога дете со потемна кожа е на сонце со иста количина на време како дете со посветла кожа, тоа со потемна кожа произведува  помалку витамин Д. Ова ги става на ризик децата со африканско, латино, азиско и средноисточно потекло.
  • Бебиња кои се само на доење. Доењето е прекрасно и здраво за бебињата. Но, важен податок е што мајчиното млеко нема доволно  витамин Д. На бебињата кои претежно пијат мајчино млеко треба да им се даде додаток на витамин Д.
  • Луѓе со одредени здравствени состојби. Некои здравствени состојби, како цистична фиброза или воспалително заболување на цревата (ИБД), влијаат на тоа колку телото апсорбира хранливи материи, вклучително и витамин Д. Исто така, студиите покажаа дека дебелината го зголемува ризикот на лицето за недостаток на витамин Д.

Колку витамин Д  им е потребно на децата?

Институтот за медицина (ИОМ) препорачува дека во првата година од животот, бебињата добиваат најмалку 400 IU витамин Д на ден. Деца постари од 1 година и тинејџери треба да добиваат најмалку 600 IU витамин Д секој ден.

  • За бебиња

Бебињата кои се исклучиво доени , имаат потреба од додатоци за да ја добијат препорачаната количина на витамин Д. Барајте течни додатоци за витамин Д кои обезбедуваат 400 IU, посебно ако витаминот Д го примате преку спреј кој е најефикасен. Следете ги упатствата на вашиот лекар за да бидете сигурни дека вашето дете ја добива точната количина.

 За бебињата е особено важно да добијат  формула збогатена со доволно витамин Д (или, ако се постари од 1 година) да достигнат препорачана дневна доза од 400 или 600 IU.

  • За деца и тинејџери

Многу деца и тинејџери не добиваат препорачани 600 IU доза витамин Д секој ден. Најчесто, недостаток на витамин Д ги погодува децата со потемна кожа и оние кои живеат во северните региони со ограничена сончева светлина.

Може да помогне млеко збогатено со витамин Д , но повеќето деца и тинејџери пијат многу помалку млеко од тоа  колку витамин Д треба да примат секој ден. Во тој случај, тие треба да земаат дневен додаток  витамин Д со 600 IU.

Тинејџерите можеби не мислат дека им треба толку многу витамин Д кога завршат со растењето. Но, тоа сепак им треба исто како и помладите деца. И за нив е особено важно да одржуваат здрава тежина, бидејќи се чини дека прекумерната тежина го спречува витаминот  Д  да работи правилно.

На некои деца и тинејџери можеби ќе им требаат повеќе од 600 IU, особено ако живеат во области со ограничено изложување на сонце, имаат хронично заболување или имаат потемна кожа. Консултирајте се кај вашиот лекар за поголеми дози.

  • Добивање на витамин Д од храна

Витамин Д може да се најде во храната, најдобри природни извори се масни риби и рибини масла. Одлични извори кои обезбедуваат многу витамин Д вклучуваат:

  • варени масни риби (пастрмка, сабјарка, лосос) 450-650 IU
  • печурки портобело, по печурка: 375 IU

Количината на витамин Д во друга храна паѓа после нив. Но, храната подолу може да помогне да се направи разлика. Имајте ги на ум кога планирате оброци и пакувате ручеци:

  • туна спакувана во вода,  154 IU
  • млеко збогатено со витамин Д, вклучувајќи и обезмастено и масно –  1 чаша: 115-124 IU
  • сок од портокал збогатен со витамин Д, 1 чаша: 137 IU
  • Јогурт збогатен со витамин Д,  80 IU
  •  маргарин со витамин Д, 1 лажица: 60 ​​IU
  • житарки збогатени со витамин Д, ¾ до 1 чаша: 40 IU
  • 1 јајце (витамин Д е во жолчката)  41 IU
  • производи направени од млеко збогатено со витамин Д (количината варира)
  • овошни сокови и пијалоци збогатени со витамин Д (количината варира)

Што ќе се случи ако внесеме премногу витамин Д?

Премногу витамин Д во телото може да биде токсичен и да го подигне нивото на калциум во крвта, што може да доведе до појава на камења во бубрезите и проблеми со срцевиот ритам, меѓу другите проблеми. Знаци на премногу витамин Д вклучуваат:

  • повраќање
  • слаб апетит
  • запек
  • слабост и умалаксаност
  • губење на тежина

Во нашата држава е прилично тешко да се внесе соодветната препорачана доза на витамин Д во организмот при консумирање на храна која содржи витамин Д.

INDIVIA sunD3 KID  е природен, вкусен и лесен за користење бидејќи е во форма на спреј, Норвешки патентиран производ  (за прв пат во Македонија). Спрејот е со природен вкус на портокал – безбеден, лесен, удобен и забавен начин на употреба погоден и за мали деца под 7 – годишна возраст.

400 IU сончев витамин во спреј за здравјето на вашето дете.

INDIVIA sunD3 KID  секогаш ќе биде на ваша страна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можеби исто така ќе ви се допадне